Соопштение – 13.09.2018

Соопштение – 11.09.2018
11 септември 2018
Соопштение – 15.09.2018
15 септември 2018

Почитувани,

 

ДПМНЕ очигледно е дека не знае кај тера. Се изгубија во ставови и тези. Прецизно математички пресметуваа, за да и соопштат на нацијата дека ништо не пресметаа.

Во клучен момент за земјата не покажаа став и одговорност за најважното прашање.

Господине Мицкоски го уништивте институтот референдум, најдемократскиот начин за третирање на проблемите и интересите на граѓаните.

Ако Договорот со Грција е најштетното нешто како што тврдите и ја обезличува Македонија, тогаш од старт ќе влезевте во битката и на фер начин ќе се боревте против договорот. Но вие тактизиравте. И продолжувате така.

Неодамна го повикавте народот да ве следи, па ве прашуваме сега кого да следи? Што да следи?

Јавноста од вас како лидер на најголемата опозициска парламентарна партија очекуваше јасен став во однос на прашањето за референдумот.

Мора да бидете свесни дека не ви успева да не убедите оти вашата одлука е демократски став.

Вашата одлука е немање храброст.

 

ГДУ