Соопштение 04.10.2018

36,91
1 октомври 2018
Прес ГДУ – 05.10.2018
5 октомври 2018

Почитувни,

Итно спроверувње на попис и целсоно прочистување на Избирачкиот список. Сега кога на големо се зборува за предвремени парламентарни избори, прво што треба да направиме е да се преброиме. Во прочистувањето на списокот, голема улога ќе има пописот. Бранко Црвенковски и Талат Џафери не можеа да гласаат зошто ги немаше во списокот со гласачи. Ова не се само два случаи, ги има многу повеќе.

Да, референдумот само ги зголеми сомнежите и ја намали и онака малата доверба во Избирачкиот список. Затоа бараме од лидери пред да почнат со пазарења, да покажат политичка воља и конечно да ја спроведеме статистичката операција, која според светските стандарди се спроведува секои 10 години.

Македонија е единствена европска земја која нема спроведено попис во рамки на светските стандарди. Притоа укажуваме дека мора да се најде и решение за проблемот кој со години се провлекува и Народниот правобранител редовно укажува, а тоа е спорната методологија која се користи при правењето на Избирачкиот список. Од него автоматски се бришат сите оние на кои им истекува важноста на личната карта помеѓу затворањето на Избирачкиот список и денот на спроведувањето на изборниот процес.

И мора под итно промена на изборниот модел, зошто со овој двата табори ќе си возат, а Македонија ќе си тапка во место. Ниту едните, ниту другите можат да понудат нешто квалитетно. Една изборна единица и отворени листи, зошто граѓаните сакаат слободно да изберат сами, а не лидерите да избираат меѓу нив.

ГДУ