Прес-конференција на портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски

Прес-конференција 26.11.2019
26 ноември 2019
СМРТНОСТА КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ Е ЗГОЛЕМЕНА- ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ИТНИ МЕРКИ!
6 декември 2019

Почитувани,

На ден 30.11.2019 година, на Радио Канал 77, со внимание ги слушавме личните изјави на претседателот на Комората на извршители, господинот Зоран Димов, во врска со протестите на граѓаните против работата на извршителите. Во контекст на неговите изјави со кои, главниот акцент го става дека граѓаните протестираат за висината на сметките и износите кои ги извршуваат извршителите, би сакале да посочиме една многу важна работа, а тоа е дека Комората и останатите надлежни институции, акцентот најпрво треба да го стават на надзорот над работата на извршителите и непристрасно и професионално, да се утврди дали тие работат во согласност или спротивно на Уставот и законите, а потоа да се дебатира за висината на сумите.

Господине Димов, не станува збор само за наплата на високи сметки, туку, станува збор за незаконити, криминални извршни постапки, постапки во кои извршители имаат направено кривични дела. Станува збор и за незаконито блокирање на сметки, за одземање на имоти, за одземање на станови, за одземање на куќи на незаконит и на криминален начин од страна на извршителите. Согласно законот за извршување, извршител не смее да започне извршна постапка и не смее да предизвика судски спор, доколку не располага со потребната документација врз основа на која би можела да се започне една извршна постапка. Токму за овие незаконитости претседателот на Комората на извршители, беше прашан во емисијата, а меѓу нив имаше и вакво прашање: дали смее извршител да стопира цела плата на самохрана мајка, дали не чувствува морална одговорност за ваквите случувања, дали знае дека некои извршители извршуваат без извршни исправи и дали тоа е согласно закон?

– На што господинот Димов, покрај другото одговори, цитираме: „Доколку некој извршител, извршува без извршна исправа, тој прави таква незаконитост, која заслужува за кривична одговорност. Доколку такви имате, пријавете ги. Ако се пријавени, ќе бидат предмет на дисциплинска комисија, која е составена од судии, обвинители и извршители, каде што извршителите се во малцинство, ќе донесат одлука и таа одлука ќе биде јавно објавена!“ – ова е одговорот на претседателот на комората на извршители.

Еве јавно го известуваме претседателот на Комората на извршители, дека такви незаконити предмети веќе со години се доставувани до Министерството за правда и до Комората, а тие сѐ уште немаат санкционирано извршител за ваква голема незаконитост! Исто така, го известуваме дека, ќе му доставиме баш такви предмети од извршители кои направиле злоупотреба на службената положба, за кои што самиот тој вели дека биле толку незаконити што заслужуваат кривична одговорност, ако извршувале без извршна исправа.

Господинот Димов, да не ја потценува интелегенцијата и честа на граѓаните на РСМ , да ги едуцира своите колеги извршители, да го почитуваат етичкиот кодекс на извршувањето, да го почитуваат и спроведуваат законот за извршување, да го почитуваат Уставот, а не да им се закануваат на граѓаните со кршење на раце и нозе, доколку се обратат во нивните канцеларии! И за крај му предлагаме на претседателот на Комората на извршители, наместо да ги едуцираат граѓаните, да почнат да ги едуцираат извршителите да не го прекршуваат законот и да не прават кривични дела.