Прес-конференција на портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски 17.12.2019

НК на ГДУ го формираше Изборниот Штаб
15 декември 2019
ФАНТОМСКИТЕ АДМИНИСТРАТИВЦИ СЀ УШТЕ ЗЕМААТ ДРЖАВНА ПЛАТА
7 февруари 2020

Почитувани,

Освен што е и натаму најголем загадувач, РЕК Битола си остана и дувло на криминал. Властите се менуваат, како и директорите, ама не и начинот на испумпување на државни пари.

Истражувачките стории на медиумите покажуваат дека релациите со бизнисмените не завршуваат. Се сеќаваме како Груевски наредуваше тендерите да ги добијат Ѕинго и Кочан, а сега гледаме дека блиски пријатели на Заеви убаво се омрсиле од бизнисот со РЕК Битола.

Како што објавија медиумите фирмата „СВ Инвест“, во сопственост на блискиот пријател на Вице Заев, Стојан Чифлигаровски си добивала тендери во четири очи. И токму тој Чифлигаровски бил пријател и со директорот на „ЕЛЕМ“. А пак директорот Васко Ковачевски сега се крие од јавноста. Милиони евра се доделувале во четири очи, без транспарентна постапка и процедура.

Зошто Ковачевски се крие? Како се прави поделбата на тендерскиот колач? Зошто брзи постапки? Ковачевски е должен да и одговори на јавноста и зошто РЕК Битола не набави своја механизација? Со парите кои ги лапнале бизнисмените во изминатиов период за копање во РЕК Битола, можело да се купи сопствена механизација.

Во РЕК Битола тендери добиваат и фирми кои добивале и за време на претходната власт, а нивните сопственици се поврзуваат со поранешниот началник на УБК, Сашо Мијалков.

Има ли крај на игрите за извлекување на државни пари преку златната кокошка РЕК Битола? Постојат сериозни индиции за местење тендери и го охрабруваме Обвинителството да ги истражи сите сомнежи.