Прес-конференција на портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски 11.12.2019

СМРТНОСТА КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ Е ЗГОЛЕМЕНА- ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ИТНИ МЕРКИ!
6 декември 2019
Нема отстапување, една изборна единица и отворени листи за демократија!
13 декември 2019

Почитувани,

Венецијанската комисија е советодавно тело на Советот на Европа и има задача да формулира стручни мислења во однос на законодавството во земјите членки и земјите кандидати за членство во ЕУ. Од тука ГДУ предупредува на сериозноста дека ако не се испочитуваат препораките кои ги даде оваа институција за Законот за употреба на јазиците, ние го ризикуваме членството во Европската Унија.

И догодина може да останеме без датум, доколку на СДСМ и ДУИ, поважна им е коалицијата од правото. ДУИ не знаела дека цел закон бил испратен во Венецијанската комисија, мислеле само делови, па се лутат бидејќи не било така договорено со коалиционите партнери. Ама се лутат и СДСМ, сега си го присвојуваат носењето на законот како нивна заслуга, зошто ДУИ ако сакале нешто да направат имале можност и претходно. А слушаме и такви изјави од истакнати функционери од ДУИ како велат дека со СДСМ имале проблеми, а го фалат ВМРО-ДПМНЕ дека било принципиелно.

Јасно е дека сме во предизборие, но до каде ќе оди лицемерието само за да се зачуваат фотелјите? Граѓаните многу добро знаат кој што и како прави и затоа лицемерието на овие избори ќе биде казнето.

Подигање на меѓуетнички тензии на никој не му треба, а на народот му е смачено пред секои избори да се враќаат етничките прашања. И на Македонците и на Албанците и на другите заедници во оваа држава им е важно да владее правото, да има институции во кои ќе веруваат, да се зголеми стандардот и да биде полесна живеачката.

Правото мора да биде над партиските интереси. Мислењето на Венецијанската комисија содржи сериозни забелешки. Јасно се кажува што треба ние како држава да направиме. Не може да бараме некакви концепти и да го изиграме мислењето. Како тоа ќе се бараат начини да се имплементираат препораките, а законот да не се менува?

Предупредуваме дека коалицијата на власт во обид да го зачува партнерството стабилно, може да ја загрози европската перспектива на земјата.