Прес- конференција на ГДУ- Штип

ГДУ: ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА ВОВЕДЕ МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДЕЊЕ
24 декември 2018
Ѓорги Трендафилов во „Анализи и коментари“
26 декември 2018

Почитувани,

До нас стигнаа прашања од загрижени граѓани. Прашања кои се надвор од нашите ингеренции, но ние како Граѓанско Демократска Унија сме должни да им ги поставиме на локалната самоуправа и градоначалникот г. Благој Бочварски.

1.Каква е техничката и персонална подготвеност на противпожарната служба во Штип и регионот? Дали таа подговеност одговара на европските стандарди? Какви инвестиции се направени во службата од доаѓањето на новата локална власт? Има ли предвидено нови инвестиции во Буџетот 2019? Има ли инвестиции во минатото или пропусти кои треба да се корегираат? Имаме ли изготвен план и стратегија за развој на ПП служба?

Предвидени ли се финансиски и други материјални награди за пожарникарите кои успешно и професионално ќе завршат конкретна задача, ова е модел за стимулирање на професионализмот во сите европски земји.

Повеќе од јасно е дека службата се соочува со технички проблеми. Ние како Граѓанско Демократска Унија-ГДУ сметаме дека се потребни поголеми инвестиции особено во техничкиот дел на противпожарната служба со кои би го заштитиле животот на пожарникарите кои излегуваат на терен, а со тоа и нашите животи и имоти.

2.Куќите на булевар Гоце Делчев кај Црквата Св. Никола кои се заштитени со закон и преставуваат културно архитектонско наследство пропаѓаат и се во катастрофално лоша состојба. Дали ќе се реставрираат и кога е предвидено да се случи тоа, бидејќи освен тоа што се распаѓа нашето културно наследство, реално претставуваат и опасност за граѓаните кои минуваат покрај нив. Опасноста од инцидент е очигледна и се налага да бидат преземени мерки по ова прашање.
Дали општината Штип има добиено средства од Министерството за култура за таква дејност?

3. Ја поздравуваме идејата на локалната самоуправа за поставување на лизгалка на градскиот плоштад. Редно беше во 2018 година штипјани и особено младите во градот да се запознаат со еден прекрасен зимски спорт. Искрено се надеваме дека за ваков убав и иновативен момент во некоја друга област нема да чекаме до 2030 година.

Ви благодариме! Во духот на тренспарентноста очекуваме одговори од локалната самоуправа и од градоначалникот г. Благој Бочварски. Воедно изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на нашиот сограѓанин, загинатиот пожарникар и искрено се надеваме ваква трагедија никогаш нема да се повтори.

Прес-конференција на ГДУ-Штип

Граѓанско демократска унија-Штип (ГДУ-Штип) бара инвестиции за противпожарната служба и реновирање на културно-архитектонското наследство.

Posted by Граѓанско Демократска Унија-ГДУ-Штип on Monday, 24 December 2018