ПОПУЛИСТИЧКА И ИЗМАМНА МЕРКА Е БРИШЕЊЕТО НА ДОЛГОВИ НАЈАВЕНО ОД ВЛАДАТА

ГДУ прес-конференција посветена на начелното правно мислење на Врховниот суд за надлежноста на СЈО
2 февруари 2019
ВИНАРИИ ШТО НЕ ПЛАЌААТ НИТУ СТРУЈА НИТУ ГРОЗЈЕ СЕ ИДЕАЛНИ ЗА ПОПУЛИЗАМ
4 февруари 2019

Зарем долг стар повеќе од 12 години се плаќа воопшто?

Доброволно да, ама присилно никако. Зарем институтот на застареност никому ништо не значи?

Законот за облигациони односи утврдува рок на застареност од една година за сметки за електрична енергија испорачана за потребите на нашите домаќинства (член 367 од ЗОО). Општиот рок на застареност кој никако не може да се промени (освен во нова законодавна постапка за донесување на нов или измени и дополнувања на Законот за облигациони односи) е 5 години (член 360 од ЗОО). Ако помине двојно повеќе време од законски предвиденото настапува апсолутниот рок на застареност што ништо не може да го собори. Единствено е потребно должникот (граѓаните) да се повикаат на застареност.

Самиот долг за кој Премиерот зборува е постар од 10 години и е за периодот кога уште беше Електростопанство на Македонија. Значи сака од народни, буџетски пари да исплати застарено побарување на странска компанија?

Владата, преку својот прв човек, Премиерот најави нова социјална мерка, Отпис на долг за неплатена електрична енергија. Со ова ќе им се помогне на 200.000 граѓани и семејства да се спасат од долговите и постапките кои се водат за нивна присилна наплата пред извршителите. Бројот на граѓаните во ова група ни малку не е наивен туку се движи околу 1/10 од нашиот народ.

Мерка за секое поздравување, НО…

Граѓанско Демократската Унија-ГДУ нема ништо против од решенија на Владата во сферата на социјалното помагање, но дали ова е таква мерка или нешто друго?

Оваа е сепак популистичка мерка на нашата Влада и е сѐ освен искрена социјална мерка за помош на нашиот напатен и измачен народ. Ова е уште една од редот мерки за измама на граѓаните и купување на гласовите во пресрет на претседателските избори.

Каква анализа, каков обид за помош? Ова е класичен грабеж и испумпување на парите од нашиот национален буџет, кој и онака е далеку од предвидениот и набрзо ќе мора да се ревидира и изменува преку ребаланс.

Најавата, која широкоградо ја дава нашиот Премиер дека ќе брише долгови за неплатена електрична енергија, долгови настанати пред 2006 година е уште едно déjà vu (веќе видено) од страната на ДПМНЕ, кој во 2014 година направи отпис на долгови на граѓаните. И тогаш сите беа среќни и задоволни, освен самите граѓани. Буџетот испразнет, касата на фирмите-доверители наполнета, а долговите оставени да постојат во сметководствената евиденција за да бидат уште предмет на судски и извршителски постапки.
Зарем нашата Влада нема правни советници? Ако нема, нека ангажира веднаш. Така или инаку имаме стотици советници кои ништо не работат и земаат плата, овие правните може и да сработат нешто и да спасат средства од буџетот. Вака не оди!

ГДУ го поставува прашањето-Дали ова не е уште еден deal (договор) од времето кога ЕСМ им беше продадено на ЕВН Австрија?

Дали тогаш ЕСМ не им беше нудено на Австријците со наследување на долгот кој тогаш населението го должеше кон националната компанија и беше ветувано дека долгот ќе биде раздолжен или од народот или од буџетот?

Сигурно има нешто повеќе од обично залагање за „мирен сон“ на граѓаните и нивната иднина без товар на грбот и без заплашувања од извршителите.

Граѓанско Демократска Унија-ГДУ порачува на СДСМ, Премиерот и Владата да се откажат од реализација на оваа мерка-перење на пари од нашиот буџет.
Гласно најавуваме дека ќе биде предмет на ревизија од Државниот завод за ревизија и секоја неправилност ќе биде кривично гонета.