Ништо од „Мракот“ – штета!

ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКА УНИЈА-ГДУ ЗАЕДНО СО ДВИЖЕЊЕТО НА СЛОБОДНИ ГРАЃАНИ ЈА ОБЈАВИЈА СВОЈАТА КОАЛИЦИЈА ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ
29 февруари 2020
ГДУ ќе води позитивна кампања без клевети и навреди кон политичките опоненти
6 март 2020

Таман се понадевав дека во пресрет на парламентарниве избори, во духот на политичката култура на земјава ќе се вратиме во „мрачниот среден век“ , кога ништо од тоа?! Владата и кабелските оператори ќе бараат решение за проблемот кој го сервираше Собранието пред да ги исклучат светилките во салата за Пленарни седници.

Големата „петорка“ и понатаму ќе не „информира, едуцира и забавува, критички ќе опсервира независно и непристрасно како и досега!“ Разбирливо, оваа генерализација се однесува на сопствениците, менаџментот и главните и помалку главни уредници. Знаете, оние кои плаќаат придонеси, делат плата и хонорари, трчаат по реклами, со еден збор, оние кои се грижат работата „да тече подмачкано“ . Поинаку кажано, оние кои внимаваат на секогаш будната АВМУ или Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Со сe` Директорот, Советот на Агенцијата и Стручната Служба на Агенцијата.

А убаво се си беше наредено. Владата ќе исплаќа реклами за да нема „кавги“ секундата е безмалку 2 евра, „државниот колач“ братски ќе го поделат ДПМНЕ,ДУИ и СДСМ, а останатите ќе „ловат секунди“ според утврдената методологија и просекот на цените за политичко рекламирање во последните пет изборни циклуси?! Да, да и ДИК (Државната Изборна Комисија) е незаобиколив фактор во таа равенка. Сосема без врска со текстов – ви недостасува Груевски помалку, нели?

Во рамките на овој сега веќе надминат страв – дали ќе гледаме мали и големи жени, грандови, експерти и аналитичари, вести со истите партиски соопштенија, дебати за истите партиски соопштенија, па анализи на дебатите, конечно, вечните утрински ем отворени емисии, чувствувам дека како потрошувач имам право да понудам излез од оваа ситуација.

Можеби треба да побарам од кабелскиот оператор кај кој сум претплатник да ми овозможи пакет без „големата петорка“, без сите Јавни сервиси на Македонско-Националниот Телевизиски Пакет и се разбира,без Евровизија.
Сакам да останам прост и неинформиран!

 

Автор: Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на НК на ГДУ