Нема отстапување, една изборна единица и отворени листи за демократија!

Прес-конференција на портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски 11.12.2019
11 декември 2019
НК на ГДУ го формираше Изборниот Штаб
15 декември 2019

Почитувани,

Заев и Мицкоски одлучија да останат заложници на Али Ахмети. Целта е јасна, намерна блокада на измените на Изборниот законик со илјадници амандмани. Доказ дека ниту една партија не се залага искрено за демократизација на општеството . Повторно само лицемерни изјави и наводни заложби и загриженост.

Додека СДСМ упорно ја убедува јавноста дека се за една изборна единица, нивните коалициони партнери поднесоа 5000 амандмани. Замислете штанцале амандмани.
Па зарем и запирките и точките се погрешни во законот?

ВМРО-ДПМНЕ пак со помалку ќе интервенирале, а и сега не било време за промена на изборен модел. Па сега заедно со поранешните партнери кои остро ги критикуваа се обединија. А пак премиерот ако требало и ќе се конфронтирал со интегративците и демек не уверува дека на избори во април може со една изборна единица.

Па зарем сѐ уште некој верува во овие провидни игри?

Глумат добри и лоши по потреба. Како што е и случајот со Законот за јазици. Толку од борбата за демократија и еднаквост.

Ако социјалдемократите навистина сакаа да го реализираат она што го напишале во изборната програма, можеа уште кога дојдоа на власт.
И со ДУИ ќе се разбереа лесно, како што си се договараат и за други закони.Односно како што им попуштија на ДУИ да си го реализираат она што тие го ветиле.

И целава ситуација наликува на една смислена игра пред избори. Бидејќи и СДСМ и ДПМНЕ сметаат дека вака се комотни и дека е подобро да не им се нарушува комодитетот. Но, прават фатална грешка.

Со промена на Изборниот законик, ДУИ ќе ја изгуби силата во Парламентот и нема да може да ги уценува ниту едните, ниту другите. Затоа предупредуваме, со ваков закон само ДУИ ќе биде победник на изборите.

ГДУ не се откажува од целта да го разбие бипартизмот во оваа држава, кој само не турка од една во друга криза.

Ние и натаму ќе инсистираме на промена на изборниот модел, зошто само така секој глас ќе тежи исто, ќе се бираат личности, а не партии.

Нема отстапување, една изборна единица и отворени листи за демократија!