Изборен модел

ФЕР ИЗБОРЕН ПРОЦЕС
Граѓанско Демократска Унија

за респектабилна претставничка демократија,за респектабилен претставнички дом

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 2

Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на
граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски
избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно
изјаснување.

…Слободата, правата и одговорноста се неделиви. Само во такви услови, политичкиот избор кој се нуди може да реализира сериозни реформи, да создава добри и квалитетни закони заради унапредување на политичките, стопанските,културните и другите активности на граѓаните како поединци и како заедница.

од Преамбулата на Граѓанско демократската Унија

На Република Македонија и е потребна функционален и квалитетен парламент. Без промена на изборниот модел тоа е невозможно, затоа, Граѓанско Демократската Унија го предлага следниов концепт
ПРОПОРЦИОНАЛЕН ИЗБОРЕН СИСТЕМ
Собранието на Република Македонија треба да има 90 пратеници, избрани според пропорционалниот изборен систем, во кој територијата на Република Македонија претставува една изборна едница.
Предлог листа за пратеници предложена од група граѓани (независна листа) се избираат без цензус.
Предлог листа предложена од една политичка партија, потребниот цензус за избор на пратеници е 3% од излезените гласачи.
Предлог листа предложена од две политички партии кои настапуваат како коалиција, потребниот цензус за избор на пратеници е 5% од излезените гласачи.
Предлог листа предложена од три или повеќе политички партии кои настапуваат како коалиција, потребниот цензус за избор на пратеници е 7% од излезените гласачи.

КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ
Тие се отворени, што значи дека избирачот освен што може да избира за која листа ќе гласа, ќе може да се изјасни и за кои кандидати на избраната листа ќе го даде својот глас.
Последното место на гласачкото ливче е резервирано за “Ниту еден од горе наведените”

Обработката на гласовите се прави според Вебстеровиот метод