ХРИСТОС ВОСКРЕСНА, НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА! ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

Посветено на хероите, срамните исклучоци и нивните проблеми!
7 април 2020
Пир за време на чума се избори во јуни или јули
24 април 2020

Христос Воскресна, Навистина Воскресна и со тoa ja победи смртта и ни покажа дека нема битка од која не може да се излезе како победник. Токму поради тоа, на Велигден, ви посакувам многу здравје, љубов во семејството и сила. Во овие тешки моменти покрај здравјето и силата ни е повеќе од потребна, затоа нека продолжиме искрено и истрајно да работиме за иднината на нашите деца.

Бог е во сите нас и насекаде околу нас. Победата над смртта што ја славиме на овој најголем христијански празник, ни дава верба во доброто. Оти Бог е добрина и проповеда љубов.

Јас верувам дека ќе најдеме сили да се избориме со ова зло што нѐ најде, затоа што тоа е нашиот моментален предизвик и испит. По победата врз него, верувам дека ќе бидеме поодговорни и пред се подобри еден кон друг, оти ако не ја разбереме суштината на Божјите пораки, честитките и желбите немаат никаква тежина.

Бидете здрави, живи и силни! Христос Воскресна, нека ни е за многу години празникот.

 

 

Со почит,
Петар Колев, претседател на ГДУ