ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКА УНИЈА-ГДУ ЗАЕДНО СО ДВИЖЕЊЕТО НА СЛОБОДНИ ГРАЃАНИ ЈА ОБЈАВИЈА СВОЈАТА КОАЛИЦИЈА ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

ЗА ШТО ЌЕ МАРШИРАТЕ? ВИЕ СТЕ НА ВЛАСТ, А ПРАВДА НЕ ДОНЕСОВТЕ ВО ИЗМИНАТИВЕ ТРИ ГОДИНИ!
17 февруари 2020
Ништо од „Мракот“ – штета!
1 март 2020

Почитувани,

Денеска во хотел „Хилтон“, Граѓанско Демократската Унија заедно со Движењето на Слободни Граѓани ја објави својата коалиција за претстојните парламентарни избори.

Ние од Граѓанско Демократската Унија и Движењето на Слободни Граѓани, активисти и приврзаници, се здруживме да го предизвикаме овој корумпиран политички систем за да и ставиме крај на оваа „партиска диктатура“ која не ограничува, осиромашува, која не гуши и иселува од земјава , која секојдневно не обезвреднува и понижува.

Се обединивме затоа што сакаме Македонија да биде правна држава.

Затоа што властите секојдневно ги газат граѓанските права и слободи.

Затоа што партиските бирократии глумат јавна администрација.

Затоа што политичкиот систем во Македонија е корумпиран.

Затоа што не сакаме Македонија да биде изолирана.

Затоа што профитот на неколкумина е поважен од животот на многумина.

Затоа што новинарите се слободни да го напишат она што им е наредено.

Затоа што судските постапки траат подолго од животот на граѓаните.

Затоа што образованието е во рацете на партиските јуришници.

Затоа што јавниот здравствен систем е опасен по живот.

Затоа што корумпираноста е доблест, а чесноста – срам.

Затоа што криминалот се исплатува.

Затоа што…

Затоа…

Движење на слободни граѓани                                        
Ана Глигорова                                                                       
070/ 595-525

Граѓанско Демократска Унија
070/318-909

Дарко Попоски:
078/274-987