ГДУ ќе води позитивна кампања без клевети и навреди кон политичките опоненти

Ништо од „Мракот“ – штета!
1 март 2020
РИШ на ГДУ ги поднесе листите со кандидати за пратеници
11 март 2020

Почитувани,

Видовме билборди кои беа запалени. Видовме и расфрлани флаери по влезовите на зградите. И во едниот и во другиот случај, заеднички именител на содржината која „предизборно“ ни се нуди е – Кои се поголеми крадци?

Тоа е сѐ засега. Тоа го нарекуваат „натпревар на идеи.“

За влијанието кај јавноста можеби и не сме сигурни, но, еве, барем нас во Граѓанско Демократската Унија не уверија – Да, ви веруваме дека сте крадци, разликите лежат во нијансите! Ова треба да биде начинот на комуникација до денот на изборите?

Добронамерно им сугерираме на сите учесници во изборниот процес, да се воздржат од непримерни квалификации и неодмерени „ветувања“. Јавноста заслужува многу повеќе од досега покажаното поведение од сите нас како политички субјекти.

Сите кандидати за пратеници се натпреваруваат да бидат идни членови на Законодавниот дом на Република Македонија. Довербата кај јавноста се гради и сега, независно од изборниот резултат, таа доверба влијае во општата оценка на сите учесници дека одговорно и посветено ќе работат во најдобар интерес за земјата и нејзините граѓани.

Почитувани, да покажеме дека ја заслужуваме таа доверба!