ГДУ: Дали гласот ЗА ќе го ЗАкочи бројчаникот!?

ГДУ со предлог за решавање на политичата криза
16 октомври 2018
Почитувани сограѓани
23 октомври 2018

Почитувани,

Помирување и простување е неопходно за да продолжиме напред, но и враќање на украдените пари. Бројчаникот треба конечно да почне да врти. И секој што се огрешил пред законот мора да одговара. Правда мора да има.

Почитувани господа од власта,

правдата мора да го стигне секој, не смее да има отстапки без разлика дали станува збор за осуден син на пратеничка која даде поддршка за уставните амандмани или обвинета поранешна министерка, која исто така го поддржа вашиот предлог.

Во спротивно, само поцврсто ќе не убедите дека судските одлуки се ваши, а не на судиите.

Бараме паралелно со расправата во Собранието за уставни измени, целосно посветување и на реформскиот процес.

Реформите не смее да се дозволи да бидат заложници на големите политички прашања. Тие се приоритет за приближување на земјата кон Европската Унија.

Судски реформи, истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, првенствено на највисоко ниво, во спротвно џабе е се.

Да ги потсетиме пратениците и нивните лидери, дека Европската комисија не следи и подготвува извештај. Врз основа на тие извештаи ќе се носат одлуките.