ФАНТОМСКИТЕ АДМИНИСТРАТИВЦИ СЀ УШТЕ ЗЕМААТ ДРЖАВНА ПЛАТА

Прес-конференција на портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски 17.12.2019
17 декември 2019
РЕПУБЛИЧКИОТ ИЗБОРЕН ШТАБ НА ГДУ НА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА ЈА ОТПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ
16 февруари 2020

Почитувани,

И скоро по три години владеење на СДСМ и ДУИ, рамковните фантомски административци сѐ уште земаат плата од државата, а не одат на работа. Ништо од ветувањата дека проблемот ќе биде решен. И сега министерот Манчевски кој не убедуваше дека ќе го реши проблемот, а не го реши, како ќе не убеди дека овие административци кои државата годишно ја чинат речиси 5 милиони евра за неработење, нема да добијат К 15? Како ќе се погрижи Колективниот договор да не важи за нив? И уште поважно, зошто овие луѓе од кои најголем дел се во странство и таму работат, а земаат плус македонска плата сѐ уште се државни службеници?

Како да му веруваме на Манчевски кој тврдеше дека администрацијата е партизирана, дека е преполна, а сега секојдневно фрчат нови огласи токму за вработување во државниот сектор? И тоа предизборно се објавуваат по неколку нови огласи дневно.

Само за потсетување – токму тој, истиот Манчевски на 23 февруари 2018 година изјави:
Цитираме – „Превработена е администрацијата и нема веќе никој да се вработи“.

Што се смени од тогаш до сега и како наеднаш има потреба од нови вработувања? Или предизборно нештата се поинакви?

Притоа сакаме да го потсетиме министерот Манчевски дека со новата методологија која ја претстави ЕУ, реформите во администрацијата се важен услов во процесот на преговите. Како оваа власт планира да преговара, кога наместо да прави реформи, продолжува со партизација на администрацијата?

А кога сме кај ЕУ и преговорите, да го потсетиме министерот и дека клучно е владеењето на правото и законот треба да важи подеднакво за сите. А Законот вели: три дена ако не се појавиш на работно место без образложение, автоматски добиваш отказ. Укажуваме и на правилата во европските држави – за исплаќање на лажни плати и за непочитување на закони има одговорност.