Платите на пратениците, министрите и градоначалниците да се насочат кон здравствениот систем

Останете дома, човечкиот живот е најважното нешто!
19 март 2020
Отворено писмо на претседателот на ГДУ, Петар Колев
24 март 2020

Почитувани,

ГДУ предлага неколку мерки со цел финансиски да се помогне здравствениот систем:

– Да се престане со исплаќање на плати на пратениците кои така или инаку не работат, а средствата Владата да ги насочи кон здравствениот систем;

-Парите кои државата им ги исплаќа на партиите од државниот буџет да се пренасочат кон здравствениот систем, а оние партии кои веќе ги добиле средствата предвидени од државниот буџет во знак на солидарност да ги подарат или вратат во здравствениот систем;

-Средствата предвидени во буџетот за рекламирање на политичките субјекти за изборите, Владата да ги пренасочи кон поддршка на стопанството;

-Апелираме до министрите, советниците во општините и градоначалниците, своите плати за месец март да ги донираат за борба против корона вирусот;

Време е политичарите и партиите да бидат на висината на задачата!